Слово за Св. Јован Кронштадски од светиот Цар-Маченик Николај Романов

Свети Јустин (Попович) за отец Јован, во својата книга „Философски бездни“ пишувајќи за рајот на руската душа, вели?

„Ние православните, не мора да се враќаме пред две илјади години, за да ги видиме евангелските чудеса. Ете ги, пред нас – Кронштадскиот апостол прави евангелски чуда пред нашите очи. Тој дури и мртво дете воскресна. Зарем тоа не е евангелско чудо? Зарем пред наши очи не се пројавува многуобразната божествена сила, која Спасителот ја дал и ја дава на своите апостолски следбеници, заповедајќи им: болни исцелувајте, прокажени очистувајте, мртви воскреснувајте“ (Мт. 10, 8).

На 14 јуни, Православната Црква го празнува денот на прославувањето на светиот праведен Јован Кронштадски. На 8 јуни, 1990 година, отец Јован бил прославен од Помесен собор под претседателство на Светејшиот Патријарх Алексиј II. На 14 јуни, во Јоановскиот манастир во Санкт-Петербург се одржала канонизацијата на Кронштадскиот пастир.

Во прилог, го проследуваме словото на Царот-новомаченик Николај II Романов, кое го изрекол на 12 јануари, 1909 г., по повод смртта на овој голем праведник:

Светото Царско семејство Романови
Светото Царско семејство Романови

Светиот праведен Јован Кронштадски не присуствуваше само на смртта на Императорот Александар III, туку по желба на Императорот Николај Александрович, сослужуваше при Неговиот брачен сојуз во црквата на Зимниот Дворец, на 14 ноември, 1894 г. и при крунисувањето во Успенскиот собор, на 14 мај, 1896 г.

Во вториот рескрипт, по повод стогодишнината од Татковинската војна, Царот напишал: „Пред сто години, кога првопрестолната престолнина, а со неа и цела Света Русија, живеела тешка година на наезди од дваесет народи, православното духовенство, поднесувајќи лишувања и неволји заедно со сиот руски народ, се стекнало со голема заслуга за Татковината. Будејќи во срцата на народот и доблесното воинство пламена вера во Бога, беззаветна предаденост кон својот Цар и љубов кон Црквата и татковината, непријателите биле понижени и посрамени, а духовенството, среде ужасите на смртта, пожарите и разурнувањата, ја поддржувало храброста и цврстата одбрана на Света Русија, преку разгорување на надежта за скорото застапништво и помош Божја.

Вечно ќе останат запаметени зборовите, под вдахновение кажани од Преосвештениот Августин при средбата во Москва со блаженоупокоениот Император Александар Благословениот: „Со нас е Бог! Разберете народи и покорете се, зашто со нас е Бог! Господ на силите е со Тебе, Цару!“

(Н. Талберг, Црковната дејност на Царот-Маченик).