Сè е врежано во дрвото на твојот крст

Сè е врежано во дрвото на твојот крст.

Твојот и мојот живот. Првиот плач и првиот чекор.

Првите зборови и радости. Занес, самотија, љубов.

Страдање и умор. Трудот на секојдневието.

Благодарност и надеж. Сопнувања и падови.

Вечен ‘од.

Светлост.

Светлост во безбројните форми и искажувања.

Близина. Твојот и мојот живот.

Сè е врежано во дрвото на твојот крст.

Без него, секој ракопис е нечитлив, секој пат непрооден.

Без него, ноќните бранови залудно го бараат брегот на утрото,

залудно се враќаат кон копното на сонцето.

Без него, на што ќе се распнат едрата на човековата душа?

Без него, како човек да допре до човек?

Како да се надмине себе си?

Сè е врежано во дрвото на твојот крст.

Некои засеци појасно се гледаат со очите на оние што се загледуваат во него.

Така, во Твојот крст, секој си го препознава своето име, својот лик.

Во Твојот крст, секој пронаоѓа крст според мерата на своето срце.

Некој ќе понесе крст, сосема невидлив за очите и срцата на многумина.

И твојот благослов ќе бдее над него, а тоа речиси за секого ќе остане скриено.

Сè е врежано во дрвото на Твојот крст.

Бидејќи Твојот крст не мери. Твојот крст љуби.

С.Л.

Извор: Bitno.net