Одбележана славата на манастирот Свети Јован Крстител во Слепче

На 07.07. (петок) се отслужи Божествена Литургија по повод раѓањето на Светиот Пророк Претеча и Крстител Господов Јован во Слепченскиот манастир на која чиноначалствуваше неговото Високо Преосвештенство митрополит преспанско – пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар.

На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Јове Тренчевски, а во чин чтец беа ракопроизведени Ѓоко Смутковски и Благојче Трошевски.
По неколку годишните одржани научни симпозиуми, Слепченската света обител имаше посебна чест да го промовира првиот том од зборникот „Манастирот Свети Јован Крстител – книжевен, духовен и уметнички центар“, којшто беше плод на истражувањата на еминентни научници од МАНУ и од две соседни држави од областа на книжевноста, историја на уметноста, архитектурата и археологијата. На промоцијата на книгата одржа говор академикот Цветан Грозданов, деканот  на Богословскиот факултет и уредникот на книгата проф. д-р Сашо Цветковски. После тоа се одржа првата јавна проекција на документарниот филм „Духовни мироточенија“, во продукција на Македонската телевизија. Воедно, по четврти пат на Иванден се отвори и Демирхисарското културно лето 2017 година, на кое за прв пат започна Демирхисарската летна школа во која зедоа учество професори, истражувачи и студенти од повеќе области кои во наредните десет дена ќе работат во манастирската обител и околните локалитети.
19800889_109837022994641_1008561446183047009_o 19942688_109835252994818_4011473884836940626_o 19943038_247979249038687_1279031966653685494_o IMG_1343 IMG_1355 IMG_1384 IMG_1393