Одбележан споменот на Светиот Нектариј, заштитникот на градот Битола

„Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветил Карејскиот скит; те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе ни дава  нам исцеленија“ 

(Тропар на Свети Нектариј Битолски, глас 1) 

На 17.07.2017 г., кога го празнувавме споменот на Светата великомаченичка ВарвараСвети Јован ДамаскинСвети Генадиј, архиепископ Новгородски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј, Битола.

После Литургијата, во чест на претстојниот празник и заштитникот на градот Битола, Светиот Нектариј Битолски, беше организирана свечена празнична Литија со светите мошти на Свети Агатангел Битолски, од храмот Св. Димитриј, преку Широк Сокак, до плоштадот Магнолија, каде повторно беа положени во соборниот храм за поклонение на верните.

По повод патрониот празник и прославата посветена на преподобен Свети Нектариј Битолски – заштитник на градот, во простоириите на Општина Битола, заедничка средба одржаа Владиката Петар и градоначалничката Петровска.

Вечерта, под покровителство на Општина Битола и на градоначалничката г-ѓа Наташа Петровска, со почеток од 19.00 ч., во Домот на Културата на Битола, беше организирана Свечена Духовна Академија посветена на Свети Нектариј Битолски, каде учествуваа хоровите: „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, и „Св. Макрина“ и „Св. Нектариј Битолски“ од Битола.

Средствата, кои беа предвидени за коктелот за празникот, во висина од 25 000 денари, Општината ги донираше на хуманитарната организација „Утешител“, за помош на сиромашните семејства во претстојните празници.