Неракотворен Трнов венец на иконата на преп. Серафим Вирицки

Во Североморск, на иконата на преподобен Серафим Вирицки се појавил неракотворен Трнов Венец околу Крстот, соопштува сајтот на Североморската епархија.

Иконата на преподобен Серафим Вирицки, донесена од Санкт Петербург била насликана есента, 2016 г. За даската на таа икона бил искористен борот, кој израстил на гробот на родителите на преп. Серафим – Николај Иванович и Хионија Алимпиевна, кој се наоѓа во Николскиот храм, во селото Спас-Ухра, Рибински реон од Јарославската област.

Дрвото, кое со тек на време пораснало меѓу гробовите, станало премногу големо и решиле да го пресечат. Десет години се сушело, после што од него биле направени даски за икони. Изминатата година, монахиња Марина од манастирот Дивеево, насликала на една од даските икона на преподобниот Серафим Вирицки. Иконата требало да се предаде на „игуменот Митрофан во Варзуга“. Но, наскоро дознале дека отец Митрофан веќе станал епископ и се наоѓа во градот Североморск, и иконата требало да се предаде таму.

Меѓутоа, до тоа време, на иконата почнал да се пројавува „дефект“ – почнал да се појавува некаков светол круг во центарот на крстот, кој се наоѓа на облеката на преподобниот. Авторот на иконата претпоставила дека тоа се пројавува поради свиок на даската, но столарот категорично го негирал тоа, зашто дрвото немало чворови.

serafim

До моментот на доставувањето на иконата во Североморск, таинствениот круг почнал да се претвора во живописен Венец кој виси на Крстот. Чудото на појавувањето на неракотворниот Трнов Венец Христов на светиот Крст е очигледен за сите и радоста од таа чудесна Божја милост ја чувствува секој кој се моли пред таа икона.

Денес, таа икона се наоѓа во храмот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во градот Североморск.

 

Извор: Православие.ру