Литургијата како полнота на животот – Старец Ефрем Филотејски

Божествената Литургија, каков сјај е, навистина! Човекот е почестен со Бога во таков начин што Тој самиот се спушта на земјата со Неговите Ангелски наредби во секое време кога има Литургија, со цел да го негува човекот со неговото Најсвето Тело и Неговата Најскапоцена Крв! Зашто Тој ни дал сè. Дали има нешто физичко или духовно, минливо или вечно, што не ни е понудено? Не! Дали има нешто супериорно во однос на Неговото Пресвето Тело и Крв, која ни се дава на дневна основа? Секако дека не. Бог му овозможил на човекот, кој е полн со земја и нечистотија, да ја служи Божествената Литургија. Значи непроценлива е Божествената Љубов, од која само мала капка ја надминува сета земна, физичка и световна љубов.

Превод: Дамјан Божиновски