Имаш Лекар, Кој стои над болеста – Свети Јован Златоуст

Возљубени, никој да не очајува за своето спасение!

Порокот не е во нашата природа,
ние сме создадени со разумна волја и слобода.
Ти си како цариникот – можеш да станеш Евангелист.
Ти си како богохулникот – можеш да станеш Апостол.
Ти си како разбојникот – можеш да го здобиеш Рајот.
Ти си како мудрецот – можеш да Му се поклониш на Христос.

Не постои порок или грев што не може да се искупи преку покајание,
затоа и Христос ни ги посочува највисоките степени на нечестието,
за да не може никој, на кој било начин да се оправда.
Не вели ми: „Што да правам, загинувам?“
Не ми кажувај: „Згрешив, што да сторам?“
Имаш Лекар, Кој стои над болеста;
имаш Лекар, Кој ја победува силата на болеста;
имаш Лекар, Кој лекува со еден замав,
Кој исцелува со едно посакување;
имаш Лекар Кој може и сака да лекува!
Ако Он те создал од небитие и ти дал живот,
тогаш колку повеќе може да те поправи и исцели,
кога веќе постоиш и си повреден.
Ти не можеш да кажеш на кој начин си создаден,
како што не можеш да објасниш на кој начин се очистуваат гревовите.
Ако огнот, кој падне меѓу трње, изгорува и уништува сѐ,
тогаш колку повеќе е возможно за волјата Божја да ги oчисти и
да ги искорени нашите прегрешенија, правејќи и од грешникот свет човек!?
Не прашувај како тоа станува, не испитувај како тоа се извршува,
но верувај во чудо! Ќе речеш:
„…и многу големи се моите гревови – но кој е без грев!?“
Признај дека си згрешил, и тоа ќе ти послужи, на почетокот, за поправање.