Христос е наш пријател, брат – Старец Порфириј Кавсокаливит

Ова е начинот на кој треба да го гледаме Христос – Тој е наш пријател, наш брат. Тој е сè што е добро и убаво. Тој е сè. Сепак, тој е пријател и извикува:” вие сте мои пријатели, зарем не го разбирате тоа? Ние сме браќа. Не ви се заканувам. Не го држам пеколот во своите раце. Ве љубам. Сакам да се радувате на животот заедно со мене.” Христос е сè. Тој е радост, Тој е живот, Тој е Светлина. Тој е вистинската светлина која го прави човекот радосен, која го тера да лета во радост; го прави да гледа сè, секого; го прави да сочувствува со секого, да сака секој да биде со Него, секој да биде со Христа.

Свети Порфириј Атонски