Грците се побунија против новиот закон „за слободна промена на полот“

Јавните и црковни личности, претставниците на интелегенцијата и верниците од Грција се навредени во врска со новиот закон „за слободна промена на полот“, кој беше усвоен од страна на грчкиот парламент при првото читање.

Во согласност со новиот закон, за промена на полот ќе биде доволно да се поддаде само писмено барање, известува  Аgionoros.ru.

Во своето јавното обраќање до пратениците на грчкиот парламент, Етолскиот митрополит Козма со огорченост изјави: „Вие промовирате закон кој го негира Триединиот Бог и кој хули на Него“. Новиот закон е противприроден, тој посегнува на психосоматскиот идентитет на човекот, негува разврат и има за цел да го спречи човекот кон патот на осветувањето и обожувањето.

Коските на нашите светци и херои се превртуваат. Плаче големиот ослободител на Грција, светиот рамноапостолен Козма Етолски и другите наши светии.

Очекуваме јавно да застанете против овој закон. Народот бара пример кој ќе го следи, вистински водачи кои ќе ја спасат земјата и народот.

Во полза на скандалозниот закон се изјаснаа поголем дел од грчките парламентарни партии. Против овој закон во цел состав гласаа само пратениците на Комунистичката партија и движењето „Златна Зора“.

Пратеникот на партијата „Независни елини“ Костас Катсикис за разлика од неговите колеги, категорично се спротивстави на предложениот закон. Тој истакна дека „новиот закон е закана Света Гора – каде уште од антички времиња е воспоставена забрана за влез на жени“. Исто така, пратеникот побара да се забрани посвојување на деца од страна на лицата кои прибегнуваат кон промена на нивниот пол.

Извор: http://www.pravoslavie.ru

Превод: Игор Ризановски