Господи благослови

О Господи и Владико на мојот живот, одземи го од мене духот на мрзливост, очај, властољубие и празнословие. Но дај ми го духот на целомудрието, смирението, трпението и љубовта на слугата Твој. Да, Господи и Цару, дај ми да ги видам своите гревови, и да не го осудувам братот мој, зошто Благословен си Ти, во век и века. Амин.

Биди помошник на мојата душа, О Боже, зошто поминувам низ многу замки; избави ме од нив, и спаси ме О Добар Господи, зашто Ти си човекољубив. Сега и секогаш и векови на векови. Амин

Свети Ефрем Сирин

* * *

Те молам Господи: додели им на сите кои залутале вистинско знаење од Тебе, така што секој еден да може да ја познае Твојата слава.

Свети Исак Сирин

Превод: Дамјан Божиновски