Духот – втора мисла

Поврати се!
Не се борам,
Не е моја борба –
Промрмори човекот,
Друго не помисли,
Зошто не го слушна одекот.

Поврати се, разбуди се
Повторно здив не можам да дадам,
Ниту битисување ќе одземам.

Се приближувам
Да те заобиколам не сакам
Ќе доаѓам и ќе одам
Постојано морам да испитувам.

На тој начин
Ќе ме запознаваш,
Можда ќе ме запаметиш
Како неканет гостин.

Ќе те посетувам
Во немоќ поучувам,
Сила ќе дејствува
Кога борба ќе те ослабува.

Ако наумиш сепак
Да ме побараш сонливо,
Не се труди, иако не сум лепак
Од тебе не отстапувам лесно.

Звук немам
Громови да ме објавуваат,
Милост имам
Без дишење не те оставам.

Разбуди се
неуморна луталицо
пак ќе пријдам, а ти двоуми се
детска сликовницо.

IMG_1218

(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството

при Слепченскиот Претеченски манастир)