Благодатта Божја ќе нè научи на сè

Нам ни е кажано од Бог да ги љубиме нашите ближни како себеси, дури да ги љубиме и нашите непријатели. Секогаш има поединци кои се појавуваат во нашиот живот, кои не ни се допаѓаат, а камо ли да ги љубиме. Тогаш како да ја следиме Христовата заповед да ги љубиме сите?

Како христијани ние бакнуваме икони од Христос како и оние на кои Христос се прикажува како страда на крстот. Како што свештеникот ја кади Црквата на службите, тој исто така ги кади и луѓето, препознавајќи го Божјиот лик во секого. Ако ги гледаме сите како Христос, тогаш тие кои не ни се допаѓаат, нељубезни, ве повредуваат дури и злобните, сепак можеме да ги љубиме, гледајќи го во нив Христос распнатиот. Тие, како нас, се создадени во ликот и подобието Божјо, а сепак нивниот грев го заматува ликот. Тие, по нивната падната природа и непокаени животи, се Христос распнатиот. Тие се љубени од Бог и нам ни е заповедано да го правиме истото. Но како? Тука доаѓа благодатта. Како Св. Павле ние можеме да речеме дека сè добро што правиме е Христос во нас. Да ги љубиме нашите непријатели е можеби една од најтешките заповеди да се држи, но со Христос сите нешта се возможни. Како што се трудиме да ги љубиме другите, тоа треба да го правиме со молитвено срце, барајќи од Бог да ни ја даде благодатта, потребна за вистински да ги сакаме другите. Тоа е истата благодат дадена од Бог да им простиме на оние кои не навредиле или повредиле. Бог ни простува и не љуби така што и ние можеме да им простиме и да ги љубиме другите. Сè е околу благодатта, зошто ако ја бараме помошта на Светиот Дух, сите добри нешта можат да бидат наши, вклучувајќи ја и светоста.

Игумен Трифун од
манастирот на “Семилостивиот Спасител”

Превод: Дамјан Божиновски