Старец Николај Гурјанов – ФИЛМ

На 24 Август, си спомнуваме за великиот старец – протоереј Николај Гурјанов (1909-2002). Повеќе од 40 години старецот служеше во храмот на свети Николај Чудотворец на островот Талабск (Залит), во Псковската епархија. И самиот голем старец, архимандритот Јован Крестјанкин велел за протоереј Николај Гурјанов, дека тој е „единствениот вистински прозорлив старец на територијата на бивш СССР“.

„Бидете секогаш радосни, и во најтешките ваши дни не заборавајте да Му благодарите на Бога: благодарното срце, нема потреба од ништо“.

Во соработка со студиото Неофит, ви претставуваме уште еден филм од едицијата „Старци“ со македонски превод: