Собор на свети Јован Крстител – Ресен

На 20.01.2016 г., на празникот Собор на свети Јован Крстител, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Кирил и Методиј, во Ресен.

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

 

„Ако чекаш благопријатни услови за спасението, никогаш нема да започнеш богоугоден живот“.

Преподобен Никон Оптински

 

1 2 3 12557178_10207459553878987_662481492_o 12557231_10207459574359499_1520359513_o 12562903_10207459561759184_1355991440_o 12620539_10207459550598905_1244516734_o 12620877_10207459578359599_1596717639_o 20160120_104652 20160120_105036 image-75b65bb340f54d62477396368560b6f26d92eea3193295761d259ed105bc5744-V image-afbfc70ea60ab270e356aca7f321472cade8db43480b56ce7613009cf4c3fc94-V image-b2b099cb1c4d568995517357a2cfdb010e3dfaa4a8ac9029d4068b8a5fd4adcf-V image-b97b638b83ad99cfb21354cbb07aff5e6f0f84733ad57f1c047793b4c44e598e-V image-c1aaaf461f84ce787bcbee1c5aa30b9436a468772dfc3ca5362a1086ba234ddf-V