Што е, и што не е црковната свеќа

„Кај нас никогаш не се извршува богослужба без светилник, но ние не ги користиме само за да светат во мракот на ноќта, литургијата се извршува и на дневна светлина, туку преку неа да го представиме Христос – несоздадената светлина, без кого што и во средината од денот ќе бевме во мрак…“ Тертулијан

Свеќата е станата задолжителен елемент од сувереното „црковно благочестие“. Маса од луѓе, кои се определуваат како православни, го сврзуваат посетувањето на храмот со свеќи – човек влегува во црква, за да запали свеќа „за здравје“, и кога ќе го направи тоа, излегува, без да разбере дека црквата е создадена за многу поважна цел. Затоа е неопходно да не забораваме некои работи:

Свеќата не е причина поради која одиме во црква

Зборот Црква (на грчки – еклисија) не се сврзува со храмот, туку со заедницата. „Црква“ означува заедница, во христијанска смисла се користи како собрание на христијани. Подоцна „цркви“ започнуваат да бидат нарекувани местата, каде што христијаните се собираат за извшување на богослужби и Свети Тајни. Светите Тајни немаат за цел присуство на верници, туку нивно учество. Тоа е основната намена на црквата.

Свеќата не е специјално средство кое дарува здравје

Свеќата нема никаков фундаментален статус во Црквата и нејзината улога не е независна од нашата вера во Бог. Само по себе си паленењето на свеќи, во храмот или надвор од него, нема никакво значење за духовниот живот. И доколку палењето не е придружувано од верата и надежта во Бог, Кој што ни го дава тоа што ни е потребно, значи правиме нешто бесмислено. Никогаш не треба да забораваме, дека Бог е извор на доброто.

Свеќата не е замена за молитва

Во духовниот живот ништо не се случува механички. Никое дејство не може да има резултат доколку не се извршува во синергија, во односот помеѓу Бог и човек. Црквата е дом за молитва, а молитвата е дијалог со Бог за прашањата со кои се оптеретени нашите срца и умови. Погрешно е да мислиме, дека палењето на свеќи во храмот, придружено со прекрстување е замена за молитва. Напротив, горењето на свеќата може да ја придружува нашата молитва и да нè насочува кон Бог. На никаков начин не може да се тврди, дека немањето на свеќа ја намалува молитвата. Молитва без свеќа може, но обратното е незамисливо.

Макар што свеќата не е фундаментална, таа има свое значење и смисла, кои што можат да бидат:

Практичност

Во минатото литургијата се служела навечер. Светото Писмо ни сведочи, дека за време на едно Евхаристиско собрание, на кое што бил пристуен и ап. Павле, се користеле свеќи (дела апостолски 20, 7-8). Прогонувањето на христијаните ги принудувало да извршуваат богослужби во тајни и несоветлени места како катакомбите. Бидејќи електричната енергија сеуште не била измислена, потребата од светлина барала употреба на свеќи. Во некои цркви, свеќите сеуште ја имаат таа улога.

Финансии

Да, црквата има потреба од финансиски средства, за финансирање на различни потреби – плати на вработените, трошоци за електрична енергија, вода, изградба на храмови, социјални дејности и др. Спротивно на легендите, кои постојат за приходите на Бугарската Православна Црква од имоти, вистината е, дека основите приходи доаѓаат од свеќите. Тоа е една од причините поради која на некои храмови може да се види лист хартија на кој пишува да се купуваат свеќи само од црква. Правејќи го тоа, ние ѝ помагаме на Црквата да ја извршува својата дејност.

Симболичен

Символот е нешто, што има за цел преку себе си да ги насочува мислите кон нешто друго – настан, личности, предмети. Симболот ни раскажува, во еден синтетизиран вид, за она, кон кое што нè насочува. Можат да се дадат различни објаснувања за симболот на свеќата. Пламенот ја симболизира нашата вера – како што свеќата гори, така треба да гори и пламенот на нашата вера. Или како што чадот од свеќата оди нагоре, така и нашата молитва треба да се издига кон Бога. Или самиот Христос – Кој што е вистинска светлина (Јован 1.9). Тоа се значајните работи кон кои нè насочува свеќата.

Духовен

Доколку човекот нема волја да го насочи своето срце кон Бог, ништо надворешно не може да го натера да го направи тоа. Но има средства, кои се полезни за тој процес и се дел од животот на Православната Црква. Такви средства за црковните химни, црковната архитектура, фрескоживописот, иконите со Христовиот образ, со образот на Неговата Мајка и на светителите, Христовиот крст, мирисот на темјанот, како и пламенот од свеќите. Свеќите имаат за цел да создадат молитвено расположение кај верниците, за да ги издигнат срцето и умот кон Бог, да создадат соодветна атмосфера во храмот, за да можеме да ја почуствуваме удобноста во Божјиот дом, да разбереме, дека местото на кое што се наоѓаме, не е обично, ниту пак туѓо, а е нашиот дом.

Атанас Ваташки