Се одржа интронизацијата на новиот игумен од Рускиот манастир на Света Гора

Света Гора, 23 октомври, 2016 г.

На 23 октомври, 2016 г., во Рускиот манастир на Света Гора, Св. Пантелејмон беше извршена интронизацијата на новоизбраниот игумен на манастирот, јеромонах Евлогиј (Иванов) со возведување во чин архимандрит, – соопштува порталот «Русский Афон».

249952-pСпоред светогорскиот типик, чинот на интронизација се извршува од антипросопот на Великата Лавра на преп. Атанасиј Атонски. Во спомен на тоа, што преп. Атанасиј станал извор на многу светогорски манастири кои постојат до денес, имено на претставникот на Великата Лавра му се препушта честа да го врачи игуменскиот посох на сите новоизбрани игумени на светогорските манастири при нивното наречение во архимандрити.

Пред почетокот на Божествената Литургија, новоизбраниот игумен на манастирот Св. Пантелејмон, јеромонахот Евлогиј, во придружба на соборните старци на манастирот, пред Светите Врати ги пречека членовите на Епитропијата на Свештениот Кинот, ополномоштени да ја извршат интронизацијата.

249961-p

Повеќе: православие.ру

Поврзано:Избран новиот игумен на Рускиот манастир на Света Гора