Празнична Вечерна и свечена академија во чест на Св. Климент Охридски

На 07 декември во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Празнична вечерна богослужба на која во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

По соборната молитва, во чест на 1100 години од упокојувањето на големиот охридски Архипастор, во македонскиот народен театар се одржа свечена академија на која, празнично слово произнесе поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот г.г. Стефан, а свое обраќање имаше и Претседателот на Република Македонија, Н. Е. д-р Ѓорге Иванов.

На свечената академија присуствуваа архиереи, свештенослужители, декани, професори, членови на дипломатскиот хор и личности од културниот и политичкиот живот.

По тој повод од страна на Претседателот на Република Македонија на протопрезвитер д-р Јован Таковски му беше врачен „Медал за заслуги за Македонија“. Одликувањето на отец Таковски му се додели за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот.

„Медал од св. Климент“ од прв ред доби и градоначалникот на град Загреб господин Милан Бандиќ за помошта при изградбатa на храмот на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Република Хрватска.

spe_8381 spe_8391 spe_8405 spe_8579

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА