Патријархот Вартоломеј со закана дека ќе го прекине Литургиското единство со Архиереите кои го критикуваат Кристскиот Собор

Се објави писмото на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј до Атинскиот Архиепископ Јероним, од 18 ноември, 2016 г. За тоа пишува Аgionoros.

Загриженоста на претстојателот на Константинополската Црква е предизвикана од дејноста на редица грчки клирици и мирјани. По зборовите на патријархот Вартоломеј, со своите изјави по медиумите и социјалните мрежи, а исто така и со патувањата во некои Помесни Цркви, тие го поттикнуваат православниот народ кон „метеж и оспорување на резултатите на успешно одржаниот Свет и Велик Собор“.

Претстојателот на Константинополската Црква го признава мноштвото на противниците на Критскиот Собор, но истовремено, нивната дејност ја нарекува „погубна“, „збунувачка“ и „нечестива“. Посебна незадоволност кај патријархот, предизвика посетата на група грчки свештенослужители, на чело со професорот од Солунскиот Универзитет, протојереј Теодор Зисис во Грузија, Бугарија и Молдавија.

pismopatriarhavarfolomea

Патријархот Вартоломеј констатира, дека опозицијата на Критскиот Собор ја сочинуваат некои ерарси од Еладската Црква, конкретно Митрополитите, Пирејскиот Серафим  и Калавритскиот Амвросиј.

Претстојателот на Константинополската Црква го повикува Атинскиот Архиепископ да покрене соодветни мерки за вразумување на „оние кои дејствуваат антицрковно и антиканонски“, клирици, поставувајќи ги пред заканата за „наложување на предвидените од Свештените канони, санкции“.

Во заклучокот од своето послание, Патријархот Вартоломеј го замолува претстојателот на Еладската Црква да обрне внимание на грчките ерарси кои го критикуваат Критскиот Собор, затоа што „ако не се свестат, Вселенскиот Патријархат ќе биде принуден да го прекине со нив црковното и евхаристиското општење“.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/99354.html