Малата служба на Јосиф и Никодим

Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, го замоли Пилата да го симне телото Исусово и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово. А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе при Исуса, и донесе околу сто литри смес од смирна и алој. Го зедоа телото Исусово и го завиткаа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат. На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган. Таму Го положија Исуса, поради петокот јудејски, зашто гробот беше близу. (Јн. 19, 38-42).

Пред смртта на нашиот Господ, Јосиф од Ариматеа и Никодим, богати и почитувани членови во нивната заедница, немаа доволно храброст да Го следат и да застанат покрај Него јавно, поради „страв од Јудеите“. И сега, кога е навидум „прекасно“, тие ја изразуваат нивната љубов кон Него во оваа мала служба. Тоа е премалку и предоцна, некој може да помисли.

Но, во ова ги спомнуваме овие двајца свети мажи во живиот спомен на Црквата. Затоа што нашиот Господ е Господ, Кој ги прифаќа и си спомнува за нашите служби, кои се секогаш малечки и секогаш несовршени. Тој нè повикува да правиме она што можеме, кога можеме, и покрај нашите човечки недостатоци, како стравот, неодлучноста, одложувањето.

Така, овој петок да станам почувствителна и да бидам од мала служба за Него, за мене и за ближните, како што можам и кога можам. Зашто Мојот Господ, никогаш не е премал и никогаш не доцни. Слава Му Нему, Кој беше распнат заради нас при Понтиј Пилат, пострада „и беше погребен“, од нашите несовршени–но сепак– љубовни раце.

Сестра Васа