Единството не може да им се наметне на црквите – Митрополит Иларион Алфеев

Најголемиот состанок меѓу поглаварите на сите Православни Христијански Цркви може да се одложи, зашто 5 од 14 цркви го откажаа нивното присуство. Претседателот на одделот за надворешни врски на Руската Православна Црква, Митрополитот Иларион ја објаснува ситуацијата на RT.

После неколку-децениска подготовка, историскиот Сеправославен Собор беше закажан за 16-25 Јуни на Крит, но неколку цркви (Антиохиската, Бугарската, Грузиската и на крај, Руската) одбија да присуствуваат, а некои предложија Соборот да се одложи.

„Постојат многу проблеми меѓу некои Православни Цркви… Овие несогласувања може да изгледаат мали, но за историските цркви, се од големо значење“ изјави Поглаварот на ОВЦС на Московската Патријаршија, Митрополитот Иларион.

Владиката рече дека современите политички тензии во светот, немаат директно влијание врз односите меѓу црквите, кои најчесто се зависат од еклисијастички проблеми, но не смее да се исклучи ни фактот, дека политиката има влијание врз донесувањето на некои одлуки.

„Една по друга, црквите известија за нивното неучествување, што значи дека нема да има консензус, а тоа значи, дека Соборот веќе нема да биде Сеправославен. И веруваме, дека единствениот излез од оваа тешка ситуација е да се одложи соборот“, рече Иларион.

Тој објасни дека подготовката, која започнала уште во 1961 г, била фокусирана на консензус, но бидејќи некои од 14-те цркви сеуште имаат низа проблеми, некои „грешки“ сеуште треба да се поправат, и на проблемите на некои цркви да им се даде сериозен пристап.

„Единството не може да им се наметне на црквите,“ рече Иларион, додавајќи дека „соборноста е една од основите на црквата, но истата не може да се наметне со никаква административна одлука“.

Руската Православна Црква останува посветена на одржувањето на Сеправославниот Собор, откако сите пречки за истиот ќе се решат пред неговото одржување, а не за време и потоа.

„Не ја гледам сегашнава ситуација како катастрофална. Верувам дека ова е една од фазите на подготовка на Сеправославниот Собор. Не е неуспех, тоа што оваа подготовка не излезе каква што сакавме. И не веруваме дека целата идеја за соборот треба да се напушти. Едноставно сметаме, дека истиот треба подобро да се подготви“, изјави Митрополитот Иларион.

RT.com