Архиерејска Литургија во црквата Света Петка – Скопје

На 14.06.2016 г., се исполнија 35 години од Епископската хиротонија на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. По тој повод, оваа година, како пратеник од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ во Македонската Православна Богословија, после завршувањето на матурските испити, отслужи Божествена Литургија во црквата Света Петка, Скопје. 

„Братољубие нека пребива меѓу вас!
Гостољубивоста не заборавајте ја, +бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, оти и сами сте во тело.
Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она, што го имате. Зашто Сам Он рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам”;
така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се уплашам: што може да ми направи човек?”
Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки“. (Евр. 13, 1-8)

На 48-та генерација Богослови им го честитаме успешното матурирање, и им посакуваме, Божјиот благослов да продолжи да се пројавува во сите дела на нивниот живот,

на многая и благая лета+

13393912_1553801008257318_8777519919305556557_n P1300143