За силата на покајанието

Еден човек, цело време грешел и се каел – и така цел живот. На крај, се покајал и умрел. Злобниот дух дошол по неговата душа и рекол: „Тој е мој“. Господ пак рекол: „Не, тој се каеше“. – „Да, се каеше, но пак грешеше“, – продолжувал ѓаволот. Тогаш Господ му рекол: „Ако ти, кој си лош, го примаше секогаш, откако тој се каеше пред Мене, како да не го примам Јас, кога тој, откако ќе згрешеше, пак се враќаше кај мене со покајание? Забораваш, дека ти си злобен, а Јас благ“.

Преп. Амвросиј Оптински