За монахот што го викале Циција – Старец Пајсиј

Некој можеби не сака да му даде милостиња на еден циганин, зашто знае некој болен кој се наоѓа во поголема невоља и има намера да му помогне нему. Ќе се најде некој минувач да му даде нешто и на Циганот,но на болниот нема кој да му даде. Како донесуваат заклучоци луѓето, а не ја знаат вистината.
Се сеќавам во 1957 година живеев во еден манастир со идиоритмчки типик, каде што за секое послушание монасите добиваа паричен надоместок во склад со тежината на даденото послушание. Бидејки тогаш во манастирите немаше доволно монаси, некои од браќата кои беа посилни, извршуваа многу послушанија, добиваа поголем паричен надоместок, но и повеќе даваа.Таму живееше еден монах кого го викаа Циција зашто не даваше пари. Кога се упокои тој монах, на неговото опело дојдоа сиромаси од различни краеви и го оплакуваа.Тие имаа волови и пренесуваа дрва, греди,зашто тогаш сè се принесуваше со волови, не како денес – со камиони и со шлепери!

А еве што правеше овој кутар монах, ги собираше парите што ги добиваше од послушанијата што ги извршуваше и кога ќе дознаеше дека некој човек има само еден вол или дека волот му погинал, му купуваше вол. А во тоа време голема работа беше да се купи вол, тоа чинеше пет илјади драхми, што тогаш вредеа многу повеќе отколку денес. Останатите монаси даваа пет драхми на некој сиромав, десет на друг, дваесет на некој трет, односно нивните добри дела се гледаа.А тој беше потполно незабележлив зашто не даваше како другите, туку парите ги собираше и на тој начин им помагаше на луѓето.И така сите го викаа циција,циција.

Накрај, тоа му стана име. А кога се упокои, кутрите луѓе се собраа и плачеа…Тој ме спаси…Тој ме спаси, говореа сите.
Зашто во тоа време оној кој имаше вол можеше да пренесува дрва и така да го храни семејството.
Манастирските отци беа целосно поразени. Затоа ви велам, од каде ние знаеме што прават другите?

Подготвил: NN