Велика Сабота

Во Светата и Велика Сабота, кога си спомнуваме за Божјото слегување во Адот, кога Господ со телото отпочина во гробот, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

„Ангелот се обрати на жените и им рече: не бојте се; знам дека го барате Исус, распнатиот; Тој воскресна, како што рече“ (Мт. 28, 5-6).

Кога после долга и мачна смрт умира наш близок, гледајќи во него, ние се исполнуваме со чувство на покој и радост: поминале мачните дни, завршило страдањето, завршил претсмртниот час, завршило оддалечувањето од ближните, кога секој момент човекот чувствува дека тој се оддалачува и ги остава зад себе на земјата неговите сакани.

А во смртта Христова поминало и најстрашното – тој миг на Богооставеност, кој Го натерал во ужас да викне: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?…

Се случува, стоиме при постелата на туку-што умрениот човек, и во собата се чувствува, како да се зацарува неземен мир – тој мир, за кој Христос рекол, дека ни го остава Својот мир, таков, каков што светот не може да го даде…

И така, стоиме денес пред гробот Господов. Завршија страшните дни и часови на страдањата. Со телото со кое страдаше Христос, сега Тој почива; со душата, која сјае од славата на Божеството, Он слегол во адот и ја распрснал неговата темнина, и постави крај на таа страшна богооставеност, која ја имала смртта до Неговото слегување во нејзините прегратки. Навистина, ние се наоѓаме во тишината на преблагословената сабота, кога Господ почина од своите трудови.

И целата Вселена е во трепет: адот погина; безнадежната одделеност од Бога е победена со тоа, што Самиот Бог дошол на местото на последната разделба. Ангелите се поклонуваат на Бога, кој восторжествувал над сè страшно, што светот создал: над гревот, злото, смртта, над разделбата со Бога.

Така, ние трепетно ќе го чекаме тој миг, кога таа ноќ и до нас ќе дојде победоносната вест и ќе ја видиме светлината на Воскреснатиот Христос…

Ете зошто е толку тивкаа литургијата во оваа велика сабота, зашто уште пред да воскликнеме: „Христос воскресе!“ ние го читаме Евангелието за Воскресението Христово. Тој ја извојувал Својата победа, сè е сторено: ни останува само да го гледаме чудото и заедно со сета твар да влеземе во тоа торжество, во таа радост, во тоа преобразување на светот.

Слава Му на Бога за Крстот, слава Му на Бога за смртта на Христос, за Неговата богооставеност, слава Богу, за тоа што смрта веќе не е крај, а само сон, успение… Слава Му на Бога за тоа, што нема повеќе прегради ни меѓу луѓето, ни меѓу нас и Бога! Со Неговиот Крст, Со Неговата смрт, со слегувањето во адот и Воскресението и Вознесението, кои ќе ги чекаме со толкава надеж и радост, и со даровите на Светиот Дух, Кој живее и дише во Црквата, сè езавршено – ни останува само да го примиме тоа, кое ни е дадено, и да живееме со тоа, што ни е дарувано од Бога!Амин.

(митрополит Антониј Сурожскиј, Слово на велика Сабота)

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=CrgnD7t21Po[/youtube]