Старец Гавриил Ургебадзе – Мама Габриели /ФИЛМ

Наш современик, грузиски светител, кој со своето „безумство“ го исмеал безумството на светот, старец Гавриил Ургебадзе (26.08.1929 – 02.11.1995) е уште еден од столбовите, кои засветлиле во постсоветска Грузија.

За време на првомајската демонстрација во Тбилиси, во 1965 година, отец Гавриил Ургебадзе го запалил огромниот портрет на Ленин. Него можеле да го застрелаат, но го спасила дијагнозата „психопатична личност, верува во Бога и ангели“. Тој проповедал на улиците и плоштадите на грузиската престолнина, а во дворот на својот дом, од отпадоци изградил малечка црква.

Во соработка со студиото Неофит, ви претставуваме уште еден филм од едицијата „Старци“ со македонски превод: