Старец Гавриил Бунге – Филм

Граѓанин на Келн, Габриел Бунге стапил во орденот на монасите-бенедиктанци, кога имал 22 години. Тој живеел во манастирот Шеветоњ во Белгија 18 години, а потоа, по благослов на духовникот, основал скит во швајцарските Алпи и живее таму како отшелник повеќе од триесет години. Неговите богословски трудови се посветени на делата на древните отци на источната црква. Во 2010 година, тој прими православие, а после една година беше пострижан во голема схима.

Денес, Гавриил Бунге – е познат патролог и богослов, автор на цела редица книги, преведени на многу европски јазици. Научните трудови на отец Гавриил – се најважниот дел од неговиот монашки живот и резултат на неговиот подвижнички опит. Во својот планински скит, старец Гавриил како и порано живее осамено, но некогаш прима поклоници за исповед и поучување во молитвата и духовниот живот.

Моето откривање на Православието не е резултат на некакви научни истражувања, но плод на сиот мој живот како христијанин и монах. Тоа е откритие, кое започна пред 40 години и трае до сега, за мене доби многу конкретна смисла. Тоа ми дозволи да влезам и да се задлабочам во она, што може да се нарече „тајна на Црквата“. 

Старец Гавриил Бунге

(достапен е превод на Англиски, Македонски, Руски и Украински)

Студио Неофит, Култура 2015.