Молитвена минутажа

Ако се е во ред, во најдобар случај, од дваесет и четири часа, на Бога ќе мислите само десет минути, а останатото време си го посветувате себеси. 

Ако од дваесет и четири часа, Бог се сеќаваше на нас само десет минути, ние не би ни постоеле. Ако, создавајќи семејство, ние би работеле, за да ги одржуваме своите најблиски, само десет минути на ден, сите би умреле од глад.

Ако, запишувајќи се на факултет, ние би учеле само десет минути на ден, никогаш не би го завршиле.

Ако сакаме да влеземе во рајот, сакаме да бидеме со Бога, но Му посветуваме само десет минути, а останатото време го посветуваме  на грижа за себеси, никогаш нема да Го најдеме Бога.

Схиархимандрит Јоаким Пар