„Кога јас ќе станам цар, нема да има бедни и несреќни“ – Цесаревич Алексиј Романов

На 12 август, на денот на роденденот на Царскиот страстотерпец, Великиот Кнез Алексеј Николаевич, синот на Цар Император Николај II, во Новоспаскиот манастир, во усипалницата на бојарите Романови се одржа молебен во чест на Принцот-Маченик и болните од хемофилија.

1werett

На 12 август (30 јули), 1904 г, во самиот разгор на војната со Јапонија, во Петергоф се родил единствениот син на последниот руски Император Николај II и Царицата Александра Феодоровна, наследникот на престолот на Руската империја, Цесаревичот Алексеј. Тој бил петто и многу долго очекувано дете во царската чета.

415336716

Бидејќи траела војната, сите офицери и војници на Руската армија и флота се прогласувале како почесни кумови на Алексеј. Во врска со раѓањето на наследникот биле отворени благотворителни организации – Алексеевскиот комитет за помош на деца, кои ги изгубиле татковците во руско-јапонската војна и воено-санитарен воз со име на принцот.

????????????????????????????????????????????????????????????

Поживеал Принцот само 14 години. За тој краток дел од животот, судбината му приготвила доста страдања и тешки искушенија. По мајчина линија, Алексеј ја наследил хемофилијата, чии носители биле некои ќерки и внуки на англиската кралица Викторија. Болеста станала очевидна веќе есента, 1904-та година, кога кај двамесечниот младенец започнало тешко крвотечение. Заради нарушувањето на коагулацијата или стврднувањето на крвта, секоја повреда или посекотина, секое присилно движење или напор можеле да го доведат Наследникот до неговиот крај.

6c00e532-9f8d-4a41-83f6-41cd967215bc__s31 395054849

Колку и да е парадоксално, болеста воспитала во Принцот огромна сила на волјата и сострадување кон луѓето. Од рани години се одликувал со многу силен карактер и железна издржливост. Денес може само да се претпоставува, каква би била Русија, ако Великиот Кнез Алексеј би станел нејзина глава, но затоа добро ни се познати неговите зборови: „Кога јас ќе станам Цар, нема да има бедни и несреќни“, а веќе како затвореник во Екатеринбург, еднаш му рекол на татко му: „Сфатив, што е тоа лага. Ако станам Цар, никој нема да се осмели да ме излаже. Би направил ред во оваа земја“. Сепак, не им било судено да се исполнат  на неговите зборови.

34alexei_and_joy_by_alixofhesse 34img937

Алексеј прекрасно знаел, дека може да не доживее до полнолетство. Имал десет години, кога постарата сестра Олга го нашла како лежи на грб и гледа во небото. Таа го прашала, што прави. „Ми се допаѓа да мислам, да размислувам“, – одговорил Алексеј. А на нејзиното прашање – за што сака да размислува, тој одговорил: „За многу работи. Се насладувам со сонцето и убавината на летото, додека можам. Кој знае, можеби во еден од овие денови, повеќе нема да можам тоа да го правам“. Зборовите на Наследникот се покажале пророчки, тој навистина не можел уште долго да се насладува со сонцето, но причина за тоа не била болеста.

?????????????????????????????????????????????????????????

Ноќта, на 17 јули, 1918 годима, за само неколку недели, не доживувајќи до својот четиринаесетти роденден, тој, заедно со родителите и сестрите бил ѕверски убиен од бољшевиците во подрумот од Ипатјевскиот дом. Нивните тела биле фрлени во шахта и облиени со киселина.

На тоа судење, принцот го носел на раце неговиот татко – Императорот Николај ΙΙ, бидејќи Алексеј веќе не можел сам да се движи. Царското момче, како и што доликува на наследник на една Велика држава, со достоинство и благородност, примил маченичка смрт.

На 12 август, по повод 111-годишнината од роденденот на Цесаревичот Алексеј, намесникот на Новоспаскиот ставропигијален машки манастир, викариот на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, епископот Воскресенски Сава (Михеев) изврши молебен во усипалницата на бојарите Романови, на која дојдоа деца од Обнинск, Иваново и Москва, кои страдаат од хемофилија, нивните родители, роднини, лекари. На молебниот се молеа, исто така, претставници на Императорското Православно Палестинско Општество (ИППО), раководителот на Општеството на луѓе, кои страдаат од хемофилија Јуриј Жулев, и парохијани на манастирот.

WP_20150812_005

Оние кои страдаат од хемофилија, а кај нас, по официјалната статистика, нивниот број е повеќе од 8 илјади луѓе, го почитуваат светиот Цесаревич Алексиј како свој небесен заштитник, му се молат за исцеление и намалување на страдањата. На молебниот беше доведена почитуваната икона на принцот од Општеството на луѓето, кои страдаат од хемофилија. Од храмот на Новомачениците и исповедници Руски во Бутово, исто така беше доставена светиња – дел од шалот, кој му припаѓал на Алексиј, кого го сплеле за него неговите сестри, за време на притворот во Тоболск.

WP_20150812_032WW WP_20150812_052WW

После молебниот, владиката поразговарал со г. Жулев за животот на болните деца и за тоа, како сеобидувале да се справат со оваа страшна болест на почетокот на 20-от век. Јуриј Александрович забележа, дека многу важен, за полноцениот живот на болните, е душевниот мир и позитивното расположение. Конкретно, со тоа денес се објаснуваат способностите на Григориј Распутин да ги олесни страдањата на принцот – при сета своја нееднозначност, Распутин умеел со зборови да го успокои детето и со самото тоа, му помагал полесно да ја поднесе болката.

Денес, благодарение на г. Жулев, болните можат да ги добиваат неопходните скапи лекарства – бесплатно.

Децата, кои дојдоа на молебниот, се запознаа со древниот манастир и по традиција, посадија цвеќиња во градината. Благодарение на помошта на парохијаните, за децата беа собрани подароци – книги. Се собрале толку многу, што дел од литературата ќе биде испратена во Морозовската детска болница.

Вахтанг ЈАКОБИДЗЕ

Извор: http://www.dobrieludi.com