Исповед на еден осуденик на смрт

Како да се живее, дознавајќи ја за многумина страшната дијагноза: онкологија?

Материјалот објавен подолу – е расказ за живот со смртна болест. За исполнет живот и преобразена вера. Кога ќе го почувствува здивот на смртта, човек многу работи ги преоценува, за многу се замислува. Така и доаѓа кон верата. И живее во вера – долго и среќно, дури со онкологија. Тоа секогаш е сугубо индивидуален опит, многу лични доживувања и откровенија. Но, затоа и се интересни. И имено затоа – колку и да е парадоксално – се пример и поука за нас.

Јас требаше да умрам…

Пред тринаесет години, јас требаше да умрам. Дијагнозата не оставашбројните е никаква надеж: ангиобласна лимфома, рак на крвта IV степен. Потоа следуваа осум тешки третмани со хемотерапија, четрнаесет терапии со зрачење, три операции и дванаесет години хормонална терапија.

Како човек, кој ги поминал речиси сите стадиуми на лечење од рак, можам да посведочам, дека тие кругови – се навистина пеколни. При што, за секој човек почетните стадиуми се подеднакво ужасни. Најпрвин, при појавата на нејасни симптоми (во мојот случај, тоа беа многу отечени лимфни јазли) ретко кој човек ја допушта можноста дека има рак – „надежта последна умира“. Можеби, грешка во анализите? Можеби, анализите ги помешале? Но ете, анализите се предадени, дијагнозата е утврдена и со смрзнато срце човек го прашува докторот: „Докторе, што ми е мене?“ Денеска се сменија времињата, лекарите веќе немаат право да ја кријат дијагнозата од пациентите. И така, се слуша пресудата, страшна во својата неизменливост: „Имате рак“.

5c1c2532-2c26-46b7-b3d0-4de1460b0fd7_650x366

Слушајќи го тоа, човек паѓа во шок. „Рак? Но, тоа е брза смрт! А што ќе биде со семејството, децата? А фирмата, создадена со неизмерни усилија? Зарем ова е крајот?“ Тие мисли, веќе не те напуштаат ни за миг, и летаат низ позокот постојано – секоја минута, час. Само ноќниот сон носи заборав, и при будењето, кога човек сеуште се наоѓа на границата меѓу сон и јаве, секое утро се чуди: „Сон! Тоа беше само еден кошмарен сон!“ Но, остатоците од сонот брзо се разлетуваат, и страшното јаве повторно станува неподносливо.

Потоа почнуваат да доаѓаат други мисли: „Зошто токму јас имам рак? Зошто токму јас?“.

Лекари ми поткажаа (и тоа е широко распространето мислење), дека тешките болести се последица на лошата екологија: водата од водоводите не е за пиење, повеќето продукти во продавниците не се многу полезни за конзумирање во исхраната, воздухот во крупните градови веќе не може да се диши.

Потоа се сетив, дека многу години поминав по аеродроми – граѓански и воени, каде што работеа сателити со силно високоенергетско излачување, кое, колку што е познато, влијае многу негативно на здравјето. Но, на прашањето: „Зошто токму јас?“ – не можев да најдам одговор.

Стана очигледно, дека е бесмислено, да барам одговор во материјалната сфера. Се сетив, дека човекот не се состои само од телесна обвивка – освен телото, има и душа. Дури – и повеќе: излегува дека, болестите на телото можат да бидат предизвикувани од повредите на душата.

Имено, повредите на душата ме доведоа до смртната болест – тоа беше исцрпниот одговор на прашањата кои ме мачеа. Почна да се појавува свеста за тоа, дека мојата неизлечлива, смртна болест – е Божја казна за извршените гревови. Секако, се појавуваше и другото прашања: „А зарем сите грешници тешко се развболуваат?“ Ми требаше време и духовни сили, да сфатам: секако, дека не. Но, тоа ништо не докажува и ништо не побива: патиштата Господови се неискажливи, и Тој му испраќа секому, она што заслужува. Само на некои – уште во овој живот. Впрочем, многумина така и умираат, без да најдат одговор на тоа прашање.

После една година, болеста ми се наврати и повторно ме доведе до осознавањето на блискиот крај. Но, се случи речиси потполно помирување со страшната реалност: Господ ми испрати прекрасен духовник – православен монах, начитан, образован, со две високи образованија: радио-физички факултет и духовна академија. Имено од тој духовник – вистински старец, настојател на манастир – слушнав зборови, кои поставија сè на свое место: „Болеста не ти е дадена за смрт, туку за зацврстување на твојата вера!“

Види како! Значи, болеста не е само плаќање за гревовите, како што обично сите сметаат.

И така, веќе го знаев излезот: најважното за мене – беше зацврстувањето на верата. Почнав да читам светоотечки книги, редовно да одам во црква и да се причестувам. Покрај разбирањето на причините на болеста, открив уште многу други работи. Набљудувајќи го светот што ме опкружуваше, наеднаш сфатив: колкава среќа е – само да се живее и да се цени секој миг од животот. Посебно радосно ми беше да ја набљудувам природата. Да ја набљудувам и бескрајно да се восхитувам, да се поразувам, на пример, од белината на цветовите – таква белина, која не може да ја создаде ниеден уметник, дури и најгенијалниот.

220478.p

Да се восхитувам на неизменливата слика, која секоја година се повторува: наесен, растенијата и дрвата умираат – и воскреснуваат, повторно се раѓаат пролетта. И тоа не е возродување, само со појавување на лисја, туку со расцветување и созревање на прекрасни, вкусни плодови на овошните дрвја, кои се појавуваат, навидум, од никаде.

Дури и плевелот во полето сведочи за чудото на Божјото присуство на Земјата. Зошто, на пример, културните растенија бараат големи усилија за одгледување, а плевелот расте и неверојатно се размножува, без оглед на постојаната борба со него? Го поставував тоа прашање на професионални биолози. Следуваа долги образложувања: Културните растенија биле подложени на многу долга селекција, пребирање, и наводно, затоа бараат поголемо внимание и грижа. Но, согласете се, тешко дека тоа може да се смета за исцрпувачки одговор: зошто секелкцијата задолжително треба да биде придружувана со слаба издржливост во животот?

А вистинскиот одговор е многу прост, и јас го најдов на првите страници на Библијата. Тоа е пораката, со која Господ ги избркал паднатите Адам и Ева од рајот: „На жената и рече: ќе ти ги умножам маките во бременоста твоја; во болки ќе раѓаш деца… а на Адам му рече: … проклета е земјата за тебе; со маки ќе се храниш од неа во сите дни на твојот живот; трња и боцки ќе ти дава…“ (Бит. 3, 16-18). „Трњата и боцките“ – се имено тој плевел, кој, без оглед на сите природни науки – агрохемија, агротехника и останатите – човештвото не успеало целосно да го победи, како, и меѓу другото, сосема да го обезболи раѓањето.

За верниот човек, никакви докази за постоењето на Бога не се потребни – Тој е секогаш покрај него. Но, до тоа уште требаше да дојдам, а тогаш мојот инженерски ум бараше научни докази. И за мое зачудување, тие ги имаше предоволно…

За веројатноста на невозможното

Излегува, дека ако се промени растојанието меѓу Сонцето и Земјата само за 2%, топлинската рамнотежа на Земјата ќе се наруши и сè живо на неа ќе загине. Разликата на температурата е само 100 степени Целзиусови (од -50, до +50), додека пак во Вселената, таа разлика е незамислива – од -273 Целзиусови степени до милиони! Исто така, во ништожно мал диапазон на Земјата се држи и атмосферскиот притисок.

Имено на Земјата, атмосферата се состои од таква смеса на азот и кислород, која најмногу одговара за дишењето на луѓето и ѕверовите. А на останатите познати планети, атмосферата (ако воопшто постои) се состои од гасови, погубни за човекот. И зошто само на Земјата во изобилство постои оксид водород, толку неопходен за животот на човекот – добро познат на сите како вода?

220769.b

Познати се повеќе од 200 параметри, кои се неопходни за одржувањето на животот на нашата планета. И сите тие параметри мора постојано да се присутни. Ако се наруши само еден од нив – сè живо на Земјата ќе загине. На пример, да не беше во близина на Земјата масивната планета Јупитер, која ги привлекува астероидите, повеќето од нив ќе паѓаа на Земјата со сите ужасни последици.

На прашањата: „Кој, со толкава точност го изрегулирал диапазонот на температурата и притисокот на Земјата; зошто токму на Земјата постојат благопријатни услови за животот?“ – материјалистот не е во состојба да одговори.

До ден-денес, лекарите не знаат зошто бие човечкото срце. Обично, срцето го споредуваат со пумпа, која испумпува крв во организмот. Но, секоја пумпа работи само под влијание на некој вид енергија, па затоа и ги прават, на пример, електрични, хидраулични, пневматички. Но, срцето работи без добивање на никаква енергија однадвор, само по себе, што апсолутно противречи на сите закони на физиката.

А зошто дождовниот облак, кој во себе носи десеттици, па дури и илјади тони вода, се држи во воздухот?

И постојат многу такви прашања. Но човекот, како правило, не си ги поставува. А ако си ги постави, неизбежно доаѓа до заклучок: многу е поедноставно да поверуваш во тоа, дека Некој го создал коплексот на тие оптимални услови за постоењето на човекот на Земјата, отколку во тоа, дека се создале сами по себе, како резултат на некој недостижен процес на самоусовршување.

Исто така, тешко е да се поверува во озлогласената теорија за еволуцијата на Дарвин, која восхитување го прими сето „прогресивно човештво“ во втората половина на XIX век. Во 150 години од нејзиното постоење, научниците од цел свет, така и не успеаја да најдат потврда на таа теорија: не успеаја да најдат ниту еден (!) череп или скелет на човекообразни мајмуни, кои се наоѓале на разни етапи од еволуцијата, на таканаречениот „преоден ѕвон“. А такви треба да бидат милиони.

Теоријата на Дарвин се побива и од широко познатиот закон на физиката – вториот закон на термодинамиката. Неговата суштина се состои во тоа, дека во секој затворен систем, степенот на ентропија непрестајно расте. Ентропијата – е мерата на разрушување, мерата на хаосот. Со други зборови, ако било кој затворен систем, не се регулира однадвор, тој ќе се стреми само кон разрушување.

Така и животот на Земјата: ако немаше создадено идеален систем, неопходен за обезбедување на човековото постоење, самиот не би можел да се појави. Некој од мудрите рекол: веројатноста за самосоздавање на живите организми и нивниот развој од најпрости форми до повисоки – во вид на човекот – е речиси иста, како за самосоставување на авион од железа во отпад, после поминат тајфун над него. Очигледно, дека веројатноста за такво нешто не е само нула, туку – е негативна.

За жал, да се замисли над тоа, да го гледа, да се чуди и да се радува дури и на најситните пројави на животот, може, за жал, само човек, кој погледнал во Бездната, кој се нашол на работ на пропаста. Притоа, не е толку страшна самата таа, колку ефемерноста, прозрачноста на границата, која го одделува овој живот на човекот од Бездната.

После болеста: ново искушение

Со благоговение и неизмерна благодарност, јас стоев на колена во манастирот, се молев, се исповедав и се причестував речиси секоја недела. Постепено почнав да сфаќам, заради што и како имено треба да живее човекот. Излезе, дека и Бездната – и воопшто не е без дно, страшна пропаст, која нè фрла во неизбежна гибел. Тоа е само премин во друг – вечен живот. А вистинската Бездна – е тој гревовен живот, кој го водев до болеста.

Секако, зацврстувањето на верата не ми додаде никаква светост – како што грешев, така и продолжив да крешам, дури не престанав ни да пушам: оној кому му паднала главата, не плачи по косата. Така и јас одговарав на честите прашања на познатите. Но се појави нешто друго, кое го немав претходно – стремежот да не правам лоши постапки, а ако ги извршам – да се извинам и да се покајам. Се појави некаква внатрешна потреба да им помагам на луѓето – со тоа што можам.

Враќањето на смртната болест отстапи, но после две години дојде ново искушение – ми се појавија силни болки во нозете: излезе, дека хормоните што ми ги има препишано „би ја изеле“ сржта на колковите. Дознав: во таквите случаи се прави операција за замена на сржта со вештачка, и пак се појави надеж. Иако, многу брзо исчезна: хирурзите во нашиот град веднаж се откажаа да прават таква операција и објаснија зошто: можен е повторен рецидив на ракот и „рана нестабилност“ на зглобовите, едноставно речено, пукање на колковата коска во местото на соединувањето со металниот вештачки зглоб, во вид на остеопороза. И тогаш – целосна неподвижност, прикован за постела, брз крај.

Хирургот кој ме консултираше се ограничи со тоа, што ми препиша… штаки. Впечатоците и новостите ми останаа достапни само од „кутија“. Мојата околина се стесни до размерот на станот, природата – до размерот на дворот.

За мене станаа недостапни незабележливите, но големи радости за битието. Стана невозможно да се радувам на дождот, минувајќи по барите, да го слушам крцкањето на свежо паднатиот снег под нозете, да се насладувам од сончевата топлина. Ниту да се искапам во реката, ни да се исунчам, ни да отидам по печурки или на риби.

Но, тоа уште не беше сè: болките во колковите се засилија до невозможност. Без болки не можев не само да одам, туку и да седам и лежам. Особено, болките во нозете ме мачеа ноќе – ми доаѓаше да вијам со сиот глас, да се фрлам на ѕидот и да го гребам до откорнување на ноктите, ми доаѓаше со сета сила да ја удирам главата од ѕидот – само да заврши таа страшна, истоштувачка, непрестајна болка, која ги истоштува и телото и душата…

Секако, имаше силни инекции за смирување на болкита, истите, од чија слаба ефикасност се застрелувале видни офицери. Секоја вечер – инекција, без тоа не можев да заспијам – и така, речиси цели десет години. Но и анастезиите не помагаа за долго, само за два-три часа. Потоа пак пекол – до утрото, кога измачен од болка, организмот едноставно „се исклучуваше“: сонот повеќе личеше на несвестица, отколку на одмор на организмот.

Некогаш, не ми остануваа сили да ја трпам болката – свеста лошо го контролираше тоа што се случува. Имаше моменти, кога бев готов да ја престегнам главата со ременот, прицврстен на креветото за олеснување на превртувањето на страна, само за да исчезне болката. Особено, затоа што на тоа упорно, речиси цела ноќ, ме поттикнуваше некој „црн“ човек, невидлив за окото, но чие присуство го чувствував покрај мене, крај постелата, речиси физички.

Одненадеж, сосема неочекувано, како само од себе, се случи чудо: ноќните болки исчезнаа, и веќе можев да поминам без истоштувачките инекции секоја вечер.

Но, дали само по себе се случи чудотот? Случајност ли беше? Долги бессони ноќи размислував за тоа, додека мислите не се оформија во определени заклучоци…

Моето отстрадано убедување

Уверен сум, дека тоа се случи благодарение на моето обраќање во верата, но не само затоа. Јас знаев, дека за мене се молат во Нижниј Новгород моите познати свештеници. Знаев, дека за мене се молат во Москва мои познати верници, лекарот кој ме лекуваше. Знаев, дека за мене се молат моите роднини. Знаев и верував. Се молев и јас – секои утро, секоја вечер. Секако, ќе ми се спротивстават: многу од верниците, кои се разболеле од рак или друга тешка болест, наскоро умираат, и покрај молитвите. И тоа навистина се случува, но човекот со вера нема што да се чуди на тоа: „неисповедливи се патиштата Господови“.

Верата ми помогна да сфатам и нешто друго: каков имено, треба да биде нашиот однос кон смртта. Одамна ни се пропагира и веќе трајно се вкоренило тоа, што ни се наметнало од Западот: дека, наводно, главна вредност претставува човечкиот живот. Тоа тврдење е поставено во основата на современата медицина, и во руската – меѓу другите. Тоа се базира на материјалистичката идеја: човекот, умирајќи, исчезнува без трага. Често, губењето на блискиот човек станува вистинска катастрофа за роднините и пријателите.

Но, човекот со вера знае: главна вредност не е телото, туку – душата на човекот. Умирајќи, човекот не исчезнува, туку само преминува во друга состојба – живее во друг живот. И смртта на човекот, иако претставува најголема несреќа, веќе не е вселенска катастрофа за верниот човек и неговите блиски. Зашто истата судбина, порано или подоцна, ќе ги стигне и нив, и тоа, што ќе проживеат уште 5, 10 или 20 години, нема некое посебно значење, колку грубо и да звучи.

Сметајќи го животот за главна вредност, сакајќи да се излечат по секоја цена, некои прибегнуваат кон страшното: прават инекции од матични клетки, земени од телото на убиените младенци во утробите на мајките, се обраќаат кон разни бајачи и останати екстрасенси, и со самото тоа, уште повеќе ја зголемуваат болеста на душата, и секако, на телото. Прашајте го секој лекар, каква е статистиката на смртност меѓу оние, на пример, болни од рак, кои „се лечеле“ кај надри лекари и “народни исцелители“?

Чудесните исцеленија – не се ретки појави. Раскажувајќи за таквите случаи, новинарите често прибегнуваат кон патетични изрази од типот: „Љубовта на блиските (жената, мајката, децата) го спасија тој-и-тој од смртта“. При сета живописност, таквите тврдења не се ништо повеќе од убави фрази, или поточно – празноѕвонство. Може да нè спаси само љубовта кон Бога, и вистинска таа може да биде само преку молитвата – тоа е уште едно мое отстрадано убедување.

Не очајувајте!..

На многумина може ќе им изгледа чудно, но вистински верниот човек се радува на својата болест, гледајќи во неа средство за спасение на душата. А на онколошката болест православниот христијанин ѝ се радува уште повеќе. Работата е во тоа, што најстрашно за верниот православен човек е смртта без покајание и света Причест. Зашто ракот не е болест, од која се умира за миг: при таа болест не е потребна „Брза помош“ со трепкачи и сирени, за разлика, на пример, од срцевите заболувања.

Размислувајќи за својот живот, дојдов до парадоксален заклучок: за време на болеста, јас стекнав повеќе, отколку претходните десет години кога се занимавав со бизнис – кои во суштина, беа луда трка по материјални добра. Во изминатите во болест, тринаесет години, јас речиси ги обезбедив со живеалиште своите деца, изградив дом со бања, се радувам со две прекрасни внуки. А уште… и напишав неколку книги на историска тема, спомени, генеолошка книга. И ги пишувам тие записи – со надеж, дека ќе му помогнат некому да ги преживее најстрашните моменти, поврзани со тешката болест.

aleksandr solncev
Александар Солнцев со децата. Метеори, 1998 г.

И сè почесто ми се чини, дека Господ ми ја испрати болеста и го одложи мојот крај токму за тоа, да го направам точно тоа, што го направив во време на болеста. А можеби, главно во животот беше приоѓањето во верата? Зашто, занимавајќи се со бизнис, деноноќно минувајќи на работа, без да ги видам децата со недели, јас не се замислував за скриената, духовната страна од животот. Цело време, ме проголтуваше трката по материјалните добра: доходот во фирмата, нов стан, нова кола, викендица и т.н. – какво душеспасителство може да има во тоа!

Сега можам уверено да кажам, дека тешките болести, вклучувајќи ја и онкологијата, и не се толку страшни, но само за човекот, кој цврсто верува во Бога.

Како прво, средствата на современата медицина дозволуваат доста успешно да се бориме со нив, особено на првиот стадиум на болеста, а верата помага да ги најдеме неопходните сили за тешкото лекување. Особено, што повеќето лекари – онколози сега – се луѓе со вера.

Како второ, болестите му даваат на верниот човек ретка можност да ги спознаат вистинските, а не минливите животни вредности, кои ќе станат украс на животот.

Како трето, заминувањето од животот на верниот човек престанува да се гледа како вселенска катастрофа. Роднините со вера и блиските разбираат, дека тоа – е заминување во друг свет, многу посовршен и порадосен од нашиот, и со помош на своите молитви, можат да го направат тој премин побезболен.

Не очајувајте мои собраќа по болеста (не сакам да пишувам – „по несреќа“)! Помнете: сè што прави Господ, не е на штета, туку на добро за човекот, и наша задача – е само навреме да го осознаеме тоа! Ви посакувам здравје и среќа!

***

А со пушењето, сепак престанав – пред точно две години. Пушев 36 години, и како и сите пушачи, се обидував да престанам – многукратно и неуспешно. И сепак, го направив тоа! Нема да опишувам колку беше тешко: пушачите и така го знаат тоа, а непушачите – нема да разберат. И престанав да пушам, не затоа што беше штетно за здравјето – него веќе не можам да го поправам. Тоа се случи, откако на сајтот „Православие.ру“ ја прочитав статијата на отец Јов (Гумеров) на таа тема, која ми ја откри сета погубност, сета гревовност на таа грешна навика.

Си замислив дека стојам пред Вишиот Суд во страшен вид – целиот пронижан со мирис на цигари, со тоа „сатанинско зелје“. Си замислив, како ќе ме прашаат: „Зошто пушеше, кога знаеше, дека тоа е голем грев?“

И се исплашив…

Александар Солнцев, Инвалид од 1 група

(Нижниј Новгород)

Извор: Православие.ру