(дел од беседата изговорена во црквата Св. Апостоли во Лондон 4 јуни 2006)
Сакам да кажам дека светителите кои се канонизирани во денешно време имаат голема слава, голема смелост спрема Бога и многу ни помагаат.
Следниот настан се случил околу пред три месеци…
Возач кој доаѓал од Терма во близина на Солун, по патот стопирал некој монах и му рекол:
– Пријателе можеш да ме префрлиш до Солун?
Возачот бил сам во автомобилот и му одговорил на монахот: Секако, влезете!
Монахот седнал на местото до возачот и веднаш рекол: – Коста (не познавајќи го) ти имаш малиген тумур на белите дробови, треба да одиш побргу во болница, ќе стигнеш! Истиот миг монахот исчезнал. Тој се збунил за чудото, завртел неколку телефонски бореви и раскажал што му се случило. Му донеле некои фотографии за да го препознае монахот кој го видел. Го препознал старец Пајсиј. Секако, отишол во болница и после неколку тестирања навистина му откриле рак на белите дробови, иако тој се чувствувал добро и не чувствувал никаква болка.
Со ова гледаме како луѓето кои му угодиле на Бога се појавуваат после смртта да ја потврдат вистинитоста на Евангелието.
Исто така, една жена од Кипар отишла на поклонение на гробот на старец Пајсиј. Клекнувајќи да се поклони на гробот се лизнала и паднала на земјата дочекувајќи се на рацете. Враќајќи се во хотелот во кој престојувала видела дека земја се залепила на нејзините лакта од падот пред гробот на старец Пајсиј. Била многу среќна, тоа го сфатила како неочекуван благослов, да има малку земја од гробот на старец Пајсиј. Ја собрала земјата и ја ставила во еден сад која го носела со себе и отишла на спиење. Утрото кога се разбудила видела ружа изникнала од земјата која ја ставила во садот. Така почнала сама да се прашува, кој ја засадил таа ружа, кој ја поливал и како може толку брзо да никне?
Господ допушта вакви случувања да се случат во време на неверие и оддалечување од Бога, за да би го пронашле Неговиот пат на милосрдие исполнет со љубов. Животот е многу брз, како сон. Сите во добар час ќе бидеме повикани во вечниот живот. Во овој живот живееме само како гости, животот овде е како заминување на патување на 10 или 15 дена и кога патувањето заврши, се враќаме во нашиот дом. Таков е нашиот живот. Секоја личност ќе го напушти овој живот во вечен, во добро време кое Бог го припремил за секој од нас. Сите кои го следат Исус Христос се благословени кога вака размислуваат за својот живот.
Подготви: о. Златко Крстевски