Духовната искреност се одликува со љубов

Лоши е сега состојбата во светот, затоа што сите кажуваат „големи“ вистини, кои не се соодветни на реалноста. Слатките зборови и големите вистини имаат цена тогаш, кога излегуваат од праведна уста. Тие наоѓаат почва само во луѓето кои имаат добра волја и чист ум.

– Старче, искреноста може да биде световна и духовна?
– Да, секако. Во светската искреност присуствува нерасудителност.
– Тоа е кога човекот ја кажува вистината и кога треба, и кога не треба?
– Не само тоа. Вистината е вистина, но ако ја кажеш без расудување, тогаш таа веќе не е вистина. На пример, тоа што некој човек не е во ред во главата – е вистина. Но, ако ти се стремиш да ја искажеш таа вистина, тоа нема да донесе полза. Друг вели: „За да бидам искрен, ќе отидам на плоштад и таму ќе згрешам пред сиот народ“. Тоа не е искреност.
Тој кој има големо расудување, има великодушна љубов, пожртвуваност и смирение. Дури и горката вистина, таквиот човек со голема простота и со својата добрина ќе ја заслади. Како резултат, со слатки зборови таа ќе донесе поголема полза, исто како што горките лекарства принесуваат поголема полза, ако ги примаме со слатки сирупи.
Вистината, искористена без расудување може да изврши престап. Некои прават престапи, дејствувајќи во име на вистината. Оној што има искреност без расудување, може да направи двојно зло: најпрвин себеси, а потоа и на другите. Затоа што во таквата искреност нема сострадување. Оној кој сака да биде вистински искрен, нека почне од тоа, првин да биде искрен со себеси, затоа што духовната искреност започнува од тоа. Ако некој не е искрен со себеси, тој се одделува само себеси и се исмева само над себеси. Но, ако некој се однесува неискрено кон другите, тој прави смртен грев, затоа што се исмева над другите.
– Старче, а може ли човек да биде таков од простодушност?
– Каква простодушност! Каде си видела во таков човек простодушност! Ако тоа е дете, тогаш кај него е простодушност. Ако е светител, и тој ќе има простодушност. А ако така се однесува возрасен, и не умствено заостанат човек, тоа е ѓавол!
– А што чувствува тој?
– Вистински ад. Едно искушение, заменува друго. Искушенија без пауза.
– Сепак, Старче, зарем не треба да бидеме директни и искрени?
– Директноста, како што тоа го разбираат и исползуваат многумина, има во себе законички дух. Велат: „Јас сум директен“, „проповедам од покривите“ (Лк. 12, 3), – и ги изложуваат другите на потсмев. Но, на крајот самите стануваат за потсмев.

Од книгата на преподобниот старец Пајсиј Светогорец „Духовно будење“