На 09.04.2015 год, во соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола, кога си спомнуваме за Распнувањето на Спасителот и неговите спасителни страдања, митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар ја отслужи Утрената богослужба, на која се читаат 12-те Страдални Евангелија на Велики Петок.
Светиот Крст беше изнесен на средината на Храмот, за верните да можат да се поклонат на Господовите Срадања.
…Се поклонуваме на Твоите страдања Христе, удостој не да го видиме и Твоето Светло Воскресение!