Божествена Литургија во храмот „Собор на Сите Македонски Светители“ во Битола

На 13.07.2015 г, кога го празнуваме споменот на Соборот на Светите Апостоли, и споменот на светиот апостол Павле, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во пределот посветен на св. апостол Павле, при црквата „Собор на Сите Македонски Светители“ во Битола.

Да се замислиме над тој образ на жртвената, самозаборавачка, воскликнувачка, навистина крсна апостолска љубов и да почнеме еден за друг, за секој човек, кој ќе го сретнеме по патот, и кон секој човек, за кого нешто ќе ни дошепне нашето срце, да се однесуваме како тие; и тогаш нашиот свет ќе стане посветол, потопол, тогаш Христос ќе Си најде место на оваа земја, каде сè повеќе и повеќе тој се одрекува и отстранува – и не затоа што Тој не заслужува предаденост, љубов и служење, а затоа што ние, на кои ни е дадена веста, дури за себеси не умееме да ја сочуваме!

Митрополит Антониј Сурожски