Архиерејска божествена Литургија на Крстопоклоната недела во Ресен

На 15.03.2015 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во неделата посветена на Чесниот Крст Господов, отслужи божествена Литургија во Ресен.

Во беседата, владиката зборуваше за значњето на Крстот Господов во нашиот живот. Бог, Кој е љубов, не допушта ништо случајно во нашиот живот. Оној, Кој ја примил и издигнал нашата падната природа, распнувајќи се на крстот, секако дека не не казнува. Но, ни го укажува, ни го покажува патот по кој нашата душа може да се ослободи од прангите на гревот. Прифаќањето на крстот, кој Бог премудро ни го доделил во животот, е единствениот пат и избор, преку кого нашата душа ќе Го спознае Бог како неискажлива љубов, нашите солзи, како извор на добродетели, а нашите маки и страдања, извор на радост во Господа… која ќе спаси многумина.

Да не упати Бог во Тајната на Крстот, страдањата, кои ќе не доведат до Воскресение!