7 април 2015

Повеќе од сè, се плашам да не се повредиш од лошото другарство. Веројатно е лош оној другар, кој загледува жени и забави, „зашто виното и жените погубиле многумина“ (Сир. 31, 29), вели Писмото. Чувај се од таквите, зашто лесно и удобно влегуваат во нас слабите и страсни навики, а одвикнувањето е тешко. И ретки се оние кои сосема се ослободиле од лошите навики, најголемиот дел во тие страсти го завршиле и животот, за вечна осуда, од што да нè помилува Премилосрдниот Господ. Се надевам, дека во вас има дух на страв Божји, со кој ќе можете да се сочувате од гревот и да се насочите кон добродетелите.
Преп. Мојсеј