16 februari 2015

Ми пишуваш, дека едно време ти се чинело дека го љубиш Бога. А Господ во Евангелието вели: „сакајте ги непријателите ваши, правете им добро на оние што ве мразат, благословувајте ги оние што ве колнат, и молете се за оние што ве повредуваат и гонат…“ (Мт. 5, 44) Труди се секогаш да ги проверуваш своите чувства дали се секогаш согласни со евангелското учење и со учењето на светите отци. Преподобен Нил Сорскиј пишува за себе дека тој никогаш не ги примал тие мисли, дури и да изгледаат дека се многу јасни и пријатни, додека не најде за нив сведоштво во евангелското, апостолското или светоотечкото учење.

Преп. Амвросиј