12 април 2015

За тоа што пак кај вас дојде братот А. И ве вознемирува сите, искрено ви сочувствувам. Но, сè ни се случува по Промисла Божја, и сè треба да го искористуваме во полза. Каква полза ќе има воинот без борба? Таквиот е неискусен и не е храбар. И монахот без борба не може да ја гради душата во трпение да биде овенчан од Подвигоположникот. Не изнемоштувај со духот, и не унивај во неправдите, но обраќај се кон Господа со смирена молитва и верувај, дека ќе ти дојде помошта. Јас се надевам, дека Бог нема да допушти да бидете искушувани повеќе од вашите сили, но со искушението ќе даде и награда, која ќе може да ја носите.
Преп. Мојсеј