Зошто во Русија брезите толку шумат? – од Руското културно наследство

Зошто во Русија брезите толку шумат,
Зошто бело-стеблестите сè разбираат?
Покрај патот, навалени кон ветрот стојат
И толку тажно фрлаат лисја.

Ќе тргнам по патот, му се радувам на светот,
Можеби тоа е сè што ќе дознаам во животот,
Зошто тажните лисја така летаат,
И душата, под нежно ја галат.

А на срцето, пак ми е топло, топло,
И пак и пак без одговор.
Лист од бреза ми падна на грб,
Како мене,  и тој се одделил од летот. (Реф)

Да седнеме крај патот, драга, со тебе.
Разбери, ќе се вратам, не вреди да тагуваш.
И старицата ќе мафне со раката за збогум,
И по мене вратата ќе ја затвори.

Зошто во Русија брезите толку шумат,
Зошто толку добро хармониката свири?
Прстите како ветер, по дирките в миг ќе летнат,
А последната, ех, ќе падне.

А на срцето, пак ми е топло, топло,
И пак и пак без одговор.
А лист од бреза ми падна на грб,
Како мене, тој се одделил од летот.
(Реф) x 2