Божик 2014

02_2 den Bozik sv Blagovestenie Prilep_03

07.01.2014 г. (Божик) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, благоволи да отслужи Празнична Божествена Литургија во храмот “Св. В-мч. Димитриј” во Битола. На мноштвото верници присутни во храмот им го честита Христовото Рождество со најрадосниот поздрав Христос се Роди!, а воедно и ја произнесе својата Божикна беседа до верните чеда.

Истиот ден, Митрополитот Г. Петар, беше во посета на штитениците при Домот за доенчиња во Битола, каде што ги благослови дечињата и им даде пригодни подароци.

На ден Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г. Петар, го благослови Божикниот ручек за 500 деца кој се одржа во хотелот “Кристал Палас” во Прилеп, а воедно и му беше врачен “Орден за носител на Мирот”.

На 08.01.2014 г. Митрополитот Г. Петар, отслужи Празнична Божествена Литургија во храмот “СВ. Благовештение” во Прилеп, и го ракопроизведе во чтец Андреј Поп Атанасоски.