Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје

На 07.12.2014 година, со празнична Вечерна на која богослужеше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф започна прославувањето на свети Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во кој следниот ден се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент.