Св. Спиридон Чудотворец

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Господин Петар на 25/12 декември, Св. Спиридон Чудотворец Епископ Тримитунтски, благоволи да Богослужи и проповеда во храмот Св. Вмч. Димитриј “о Битола. Пред почетокот на Божествената литургија го ракопроизведе чтецот Димитар Илиевски во чин ипоѓакон, а потоа го ракоположи ипоѓаконот Димитар Илиевски во чин ѓакон. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар благоволи да присуствува на прославата на Здружението на битолските еснафи “Св. Спиридон” во чест на нивниот патрон во ресторанот “Император” во Битола;