Богослужби за ВОДИЦИ

На 19. 01. 2013 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици.

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм “Св. В-мч. Димитриј“ во Битола, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар отслужи Света Архиерејска Литургија, а во својата беседа пред присутните голем број верници, Митрополитот Г. Петар го образложи значењето на овој голем светоден. Веднаш потоа беше осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата, кaде беше положен крстот за осветување на водите. Потоа, Митрополитот г. Петар, изврши осветување на водите во Преспанското Езеро, во месноста наречена Рибарско Село во близина на Отешево, и таму, во присуство на голем број верници, го фрли чесниот и живототворен крст.

[nggallery id=13]