

Архиерејска Божествена Литургија во Ресен
На 16.10.2016 г. во Седумнаесеттата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Ресен.
На 16.10.2016 г. во Седумнаесеттата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Ресен.
На 10.10.2016 г., во Шеснаесеттата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на св. ап. Јован Богослов, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп.
Денеска во присуство на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, беше поставен камен темелник за 10-метарски крст над населеното место Новоселани- прилепско.
На 27.09.2016 г., на празникот Воздвижение на Чесниот Крст Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Кирил и Методиј, во Ресен, каде го благослови почетокот на Преспанскиот јаболкобер.
Горен од љубовта кон Христа и хранет со млекото на добродетелите, светиот Климент, Охридскиот Чудотворец, стана извор на милост и скоро застапништво на сите кои го повикуваат во молитвите.
На 25.09.2016 г., во Четиринаесеттата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата Свето Благовештение во Прилеп. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Утрово, на 23.09.2016 г., во утринските часови се упокои секретарот на Архиепископскиот Црковно-просветен Совет и главен и одговорен уредник на „Весник“ сл. лист на МПЦ, почитуваниот протоѓакон Славе Пројковски.