Свечена прослава по повод 100-годишнината од осветувањето на храмот Света Троица во Битола

Со голема духовна радост ги известуваме благочестивите верници дека, по повод 100-годишнината од осветувањето на храмот, посветен на Светата Живоначална Троица во Битола, на 1 и 2 јули 2026 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Свети Јован Шангајски и Санфранциски Чудотворец, ќе се одржат свечени богослужби.

На 1 јули ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба од 18 часот, а на 2 јули Света Божествена Литургија, со кои ќе началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, од 7.30 часот.

Ги покануваме сите верници молитвено да земат учество во оваа свечена прослава, заедно да го прославиме јубилејот на храмот и споменот на големиот Божји угодник – Свети Јован Шангајски и Санфранциски Чудотворец и да се поклоним на неговите свети мошти.