Свети Кирил и Методиј – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 24.05.2026 г., во Седмата Недела по Пасха, кога го празнуваме споменот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-Новозеландски г. Никола, протоереите Емилијан Зелнички, Живко Деспотовски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис), во Прилеп.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.