За најглавниот подвиг на современите жени

Традиционално секоја година во Третатата недела  по Пасха, Црквата си спомнува за Светите жени Мироносици.

Имено тие мажествени жени, останале верни на Својот Божествен Учител дури и тогаш, кога целиот свет се одрекол од Него, дури и тогаш кога Неговите најблиски ученици, кои ги виделе Неговите чудеса, го предале и се одрекле од Него.

Храброста која се вселила во срцата на мироносиците, била поради нивната вистинска љубов кон Спасителот, пред кого исчезнува секој страв.

„На храбрата и мажествена жена, јас сум должен да и оддадам предност пред секој маж, бидејќи таа, кога го прима духовното оружје и се облекува со оклопот на правдата, и кога се заштитува со штитот на верата, и се препојасува со појасот на вистината, го зема духовниот меч, и излегува во битка со пламено оружје, издигнувајќи се со својот дух повисоко од небесата, и со него ја уништува власта на ѓаволот, и ги умртвува страстите и беззаконите помисли“ – со овие зборови Свети Јован Златоуст ја изразува својата почит  кон верната жена.

Овие зборови вистински ја одразуваат височината на нејзиното служење.

Мажественоста е невозможна без верност. Имено, верноста е главна добродетел на жените, и основа на сите други добродетели. Без верност, невозможно е никакво  служење, без верност нема ни љубов, ни трпение, ни мудрост, ни смирение.

Со сожалување ние денес набљудуваме, како се обезвреднува поимот верност, растворувајќи се во системот на современото општество, кој е ориентиран на цинизам, лична корист и паганизам.

Верноста денес е исмејувана исто како и љубовта, но оној кој го заштитува овој вреден подвиг, е посебно драг во очите на Бога.

Верноста е можна, само ако ние имаме храброст, и ако срцето ни е исполнето со љубов.

Би сакал со пријатни и убави зборови да ги поздравам нашите православни сестри во Христа, бидејќи благодарејќи на нивната верност, грижа, труд и самопожртвуваност во служењето, Црквата денес продолжува да ја исполнува Својата  мисија, и во мирни времиња, и во војни, и во прогони.

Mитрополит Антониj (Паканич)

Извор: http://pravlife.org