Кога ќе биде Литургијата за Велигден, за Ковид 19, вакцините, за „чипирањето“ и признавањето на МПЦ

За Велигден ќе им Литургија после полноќ, како и секоја година. Според Владиката Петар нема опасност да се заразат граѓаните во црквите, затоа што чинот кој се одвива пред Литургијата, се одвива на отворено и на него присуствувало мнозинството од граѓаните, а потоа на Литургијата не биле присутни ни 10% од тие кои претходно биле во дворот на црквата.

Митрополитот Петар препорачува граѓаните  да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19 и препорачува почесто да се тестираат доколку почувствуваат некои симптоми, за да не дојде потоа да несакани последици од болеста. Митрополитот зборува и за тоа како тој лично го преживеал Ковид-19.

Според него секој човек треба да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Кога ќе поминел извесен период, ќе се проверел и ако и тој нема доволно антитела вели дека ќе се вакцинира и не гледа никаков проблем во вакцинирањето. Смета дека се претерани ставовите дека со вакцинирањето ќе се внеси кај човекот некој чип, односно дека ќе се чипираат луѓето.

Вели дека наместо да се занимаваме со толкување на Откровението, подобро за нас како Христијани би било да се занимаваме со нашето спасение, да мислиме на исповед на гревовите и да се причестуваме.

Повеќе околу ова и други актуелни теми како што се барањето на веведување на веронаука во училиштата, до каде е признавањето на МПЦ од страна на Вселенската Патријаршија, погледнете подолу во интервјуто.

Извор: https://infokompas.com.mk