Задушница – Света Архиерејска Заупокоена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола

На 06.06.2020 г., во саботата пред Духовден, кога молитвено си спомнуваме за сите упокоени наши отци, браќа и сестри, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света  Заупокоена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

После Божествената Литургија, беше отслужена Панихида за упокоените во верата праотци, отци, мајки, браќа и сестри наши, со надеж на Воскресение и вечен живот.

Бог да си спомне и за сите знајни и незнајни чеда на Светата Православна Црква, кои имаат потреба од нашите молитви.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

            Господи, оние што си Ми ги дал, дај да бидат со Mене, како што Сум Јас со Тебе, и да Ме прослават Мене со славата што си Ми ја дал уште светот пред да постане.

Браќа и сестри, денес е задушница, ден посветен на покојните, за сите од века претставени во Господа: свештенослужители, архиереи, свештеномонаси, свештеноѓакони, ероѓакони, ѓакони, монаси и сите упокоени православни христијани…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»