Триесетта недела по Педесетница (Недела по Раѓањето Христво) – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Лидија“ во Битола

На 12.01.2020 г., во Триесеттата недела по Педесетница (Недела по Раѓањето Христово), кога го празнуваме споменот на Светиот праведен Јосиф Обручник, Светиот цар ДавидСветиот Јаков, брат ГосподовПреподобниот Гаврил ВеличкиСветата маченичка Анисија,  Преподобната Теодора Цариградска, Светиот апостол ТимонПреподобната Теодора КесарискаПреподобниот маченик Гедеон и споменот на Светиот Дионисиј Закински, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение протоерејот Димитар Михајловски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Лидија“, во Нова Битола.

На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема“ (сп. Мат. 2, 18).

Денес, браќа и сестри, нашата Света Црква, си спомнува за првите маченици за Христа нашиот Бог и Спасител, за четиринаесетте илјади деца, што пострадаа во Витлеем и околината, кои беа убиени од Ирода, царот Јудејски.

Овој Јудејски цар, кој беше меѓу најзлобните цареви, кој го уби својот тест…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»