Седумнаесетта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во Велес

На 13.10.2019 г.,  кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, Свети Михаил, прв митрополит Киевски  и споменот на Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Македонската Православна Црква, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Велес.

По завршувањето на Божествената Литургија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со Митрополитите изврши осветување на црковната трпезарија и помошните простории при црквата „Свети Кирил и Методиј“.